English
ЕКОНОМИСТ
ДЕЈНОСТИ
ФИСКАЛЕН ПРАКТИКУМ
ПРЕГЛЕД - ИНФОРМАЦИИ
ИЗДАНИЈА
ПРАШАЊА - ОДГОВОРИ
ПРЕТПЛАТА
КОНТАКТ
Добредојдовте на интернет страницата на Економист, Скопје. Овде ќе најдете информации за нашите дејности и активности, нашиот начин и пристап во работата, за содржината на нашите изданија, како и за позначајните тековни активности на Економист.
Содржините достапни на нашата WEB страница се наменети за стручните кругови кај деловните субјекти од областа на финансиите, даноците, надворешно - трговското и девизно работење, деловното право, сметководството итн, но и пошироко. Овде, максимално искористувајќи ги WEB техниките и технологиите, на брз и едноставен начин, преку грижливо обмислена и изградена информациона база, може да ги најдете содржините објавени во Фискален практикум но и во Прегледот на деловни прописи, Регистар и тековни информации.
Имајќи ја во вид нашата основна цел, нашиот пристап и одликите во работењето - високо професионални и квалитетни услуги во интерес на нашите коминтенти - квалитетот на страницата ќе го одржуваме преку благовремено ажурирање и редовна интерактивна комуникација со посетителите на страницата преку рубриките “новини” и “прашања и одговори”.
Очекувам содржината на страницата да Ви помогне во тековното работење, идните планови и да го задржи Вашето внимание.
Со почит,
Лилјана Атанасовска - Стојановска

  ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ

   
   
   

 

          

    

Developed by EKONOMIST DOO