English
ЕКОНОМИСТ
ДЕЈНОСТИ
ФИСКАЛЕН ПРАКТИКУМ
ПРЕГЛЕД - ИНФОРМАЦИИ
ИЗДАНИЈА
ПРАШАЊА - ОДГОВОРИ
ПРЕТПЛАТА
КОНТАКТ

Меѓу другите закони чија примена започнува од 1 јули 2005 година, односно по конституирањето на советите на општините и на градот Скопје и изборот на градоначалници на општините и градоначалникот на градот Скопје, се и:

- Законот за угостителска дејност и

- Законот за туристичка дејност.

Овие два закони, се објавени во "Службен весник на РМ" број 62/2004, а со денот на отпочнување на нивната примена престанува да важи Законот за угостителска и туристичка дејност ("Службен весник на РМ" 23/95, 33/2000, 25/2002 и 38/2003).

Значи, материјата што се уредуваше со еден закон сега се уредува со два посебни закони.

Согласно преодните одредби на двата закони, започнатите постапки пред денот на примената на овие закони ќе се довршат според одредбите од Законот за угостителската и туристичката дејност.

Подзаконските прописи пропишани со новите закони за угостителска и туристичка дејност ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на нивнатата примена, а дотогаш ќе се применуваат постојните прописи и тоа:

њ Правилник за минимално-техничките услови за вршење на угостителска и туристичка дејност и условите за категоризација на објектите на туристичката понуда ("Службен весник на РМ" 59/95, 19/96, 38/97, 57/97, 41/2004)

    њ Правилник за формата и содржината на лиценцата за вршење на  туристичката дејност, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот за издадените лиценци ("Службен весник на РМ" 28/2003).

ЗАКОН ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ

Угостителска дејност, согласно Законот за угостителска дејност (понатаму: Закон) е давање на угостителски услуги за сместување и угостителски услуги за исхрана.

Угостителски услуги се:

ґ приготвување и послужување на храна,

ґ приготвување оброци заради консумирање на друго место, послужување на алкохолни пијалаци,

ґ приготвување и послужување на топли и ладни напивки и

ґ вршење на услуги за сместување.

Угостителска дејност можат да вршат трговски друштва и трговци поединци запишани во трговскиот регистар. Согласно со одредбите на овој закон, физичките лица можат да вршат угостителска дејност од мал обем и за таа цел се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината а во градот Скопје кај градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје.

ЗАКОН ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ

Со Законот за туристичката дејност се уредуваат условите и начинот за вршење на туристичката дејност и се дефинираат одделни изрази употребени во него како што се: туристичка дејност, други услуги, вршители на туристичката дејност, туристичко место, туристички пакет - аранжман, излетничка програма, корисник, организатор на патување, посредник, договор, туроператорска дејност, услуги во селски и етно туризам.

    Услови за вршење на угостителска дејност

    Услови за вршење на угостителска дејност

    За вршење на угостителска дејност мораат да бидат исполнети пропишаните минимално технички услови, кои ги пропишува министерот кој раководи со органот на управата надлежен за работите од областа на угостителството.

    Покрај пропишаните минимално технички услови, мора да бидат исполнети следиве услови: објектот да може да се употребува, санитарно здравствени услови, условите за заштита при работа, заштитата и унапредување на животната средина, противпожарна заштита и условите за заштита од бучава пропишани со закон.

    Угостителската дејност во угостителските објекти ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор може да се врши доколку е обезбедена и согласност од органот на државната управа надлжен за работите од областа за внатрешни работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот.

    Директорот на Државниот пазарен инспекторат или одговорен работник овластен од него врз основа на барање на угостителот издава решение дека се исполнети минимално-техничките услови.

    Исполнетоста на минимално техничките услови, или промена на истите,  угостителот е должен да ја пријави на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје според местото на седиштето на објектот односно местото каде што се даваат услугите.

    За угостителите кои започнуваат со работа се води евиденција, и тоа за подрачјето на општината градоначалникот на општината, а во градот Скопје градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје.

     Угостителската дејност се врши во деловни објекти или простори наменети, уредени и опремени за давање угостителски услуги, а може да се врши и надвор од деловниот објект на простор наменет, уреден и опремен за давање угостителски услуги (тераси и летни бавчи) врз основа на одобрение издадено од градоначалникот на општината, а во градот Скопје од градоначалникот на градот Скопје.

    Угостителска дејност во угостителските објекти - ноќен бар, кабаре и дискоклуб не може да се врши во деловна просторија која се наоѓа во колективна станбена зграда.

    Во угостителските објекти за исхрана мора да има вработено лице со најмалку средна стручна подготовка од областа на угостителството.

    За послужување и продажба на вино, алкохол и алкохолни напивки, угостителот е должен да има лиценца и да ја истакне на видно место.

    Лиценцата ја издава, на барање на угостителот, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството, со важност од една година.

    Видови на угостителски објекти

    Согласно Законот угостителските објекти можат да бидат:

    у угостителски објекти за сместување и

    у угостителски објекти за исхрана.

    Називот на угостителскиот објект се определува според видот на угостителските услуги што претежно се даваат во тој објект.

    Угостителските објекти за сместување се делат на:

    у основни угостителски објекти за сместување во кои спаѓаат хотели, хотелски населби, ап­а­р­т­мански населби, мотели, пансиони, резиденции, туристички населби и слично и

    у комплементарни сместувачки објекти, во кои спаѓаат: ноќевалишта, гостилници, кампови, при­ватни сместувачки капацитети (соби, апар­тмани, станови, куќи), одморалишта (за деца, младинци, работници, лица со попре­ченост и слично), други комплементарни објекти (феријални домови, планинарски домови и куќи, објекти за привремено сместување и слично).

    Угостителските објекти за исхрана можат да бидат:

    у ресторани (ресторани, гостилници, ресторани за самопослужување, експрес ресторани, киосци, млечни ресторани, ресторан бавчи, летни бавчи, кебапчилници, бистро, пицерии, објекти за брза храна и слично);

    у барови (кафеана, кафетерија, ноќен бар, кафе бар, кабаре, дискоклуб, дискоклуб на отворен простор, пивница и слично);

    у кантини и

    у други угостителски објекти за исхрана.

    Лиценца за вршење на угостителска дејност

    Лиценца за вршење угостителска дејност

    Угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор се врши врз ос­но­ва на лиценца, освен хотелите со најмалку четири ѕвез­дички кои можат да ја вршат дејноста и без лиценца.

    Лиценцата ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството.

    Лиценцата, како услов за вршење угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор беше пропишана и со Законот за угостителска и туристичка дејност; новина во Законот за угостителска дејност е утврдувањето на висината на надоместокот за добивање на лиценца и уплатата на средствата.

    Досега, согласно Законот за угостителска и туристичка дејност, износот на надоместокот за добивање лиценца беше утврден во фиксни износи и тоа за:

    - кабаре - 2.500 ЕВРА;

    - ноќен бар - 5.000 ЕВРА и

    - диско клуб - 7.500  ЕВРА.

    Надоместокот за добивање лиценца се упла­ту­ваше на сметка на Буџетот на Република Македонија во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на уплатата.

    Според новиот Закон за угостителска дејност, висината на надоместокот за лиценца ја определува советот на општината, а за градот Скопје, Советот на градот Скопје и изнесува за:

    - кабаре - во денарска противвредност од 2.500 до 5.000 ЕВРА;

    - ноќен бар - во денарска противвредност од 4.000 до 8.000 ЕВРА и

    - дискоклуб и дискоклуб на отворен простор - во денарска противвредност од 7.500 ЕВРА.

    Надоместокот за лиценца, согласно новиот Закон за угостителска дејност се уплатува во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата и тоа:

    - 50% на сметка на општината, а во градот Скопје на сметка на градот Скопје, и

        - 50% во Буџетот на Република Македонија.

    Работно време

     Работното време во угостителските објекти, кое досега го определуваше Владата на РМ, сега се определува во самиот закон, во кој е пропишана можноста Советот на општината, односно Советот на градот Скопје да го продолжи работното време на угостителските објекти за еден час.

    Угостителот самостојно го определува работното време на угостителскиот објект согласно со одредбите на овој закон, според своите деловни интереси, карактеристиките на подрачјето во кое се врши угостителска дејност и потребите на корисниците на услугите.

    Угостителот е должен часот на започнувањето на работното време и распоредот на работното време да го пријави на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје, како и на Државниот инспекторат за труд во рок од осум дена пред денот на почетокот на вршењето на угостителската дејност и пред измената на распоредот на работното време на угостителскиот објект.

    Градоначалникот на општината, а во градот Скопје, градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје водат евиденција за работното време на угостителските објекти што работат на подрачјето на нивната надлежност.

    Категоризација на угостителските објекти

    Угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, пансион, туристички апартман и камп), како и угостителскиот објект за исхрана - ресторан, пред започнување со вршење на дејноста задолжително се категоризираат според условите и стандардите пропишани за одделни видови на овие објекти во поглед на уредувањето, опремувањето и квалитетот на услугите со ѕвездички.

    Куќите, становите и собите за издавање од страна на физичките лица и селските домаќинства задолжително се категоризираат според условите предивидени во ставот 1 на овој член.

    Категоризацијата на угостителските објекти ја вршат комисии за категоризација на угостителските објекти составени од пет члена, кои имаат заменици.

    Врз основа на поднесено барање од угостителот комисијата за категоризација донесува решение  во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето.

    Пропишаната ознака на видот и категоријата на угостителскиот објект мора да биде на видно место истакната на влезот на секој угостителски објект, а при огласувањето и рекламирањето на своите услуги угостителот мора да ја употребува само оваа ознака на видот и категоријата на објектот.

    ДолЖности на угостителот

    Угостителот за секој угостителски објект мора да определи одговорно лице (директор, управник, шеф и слично) на угостителскиот објект.

    Одговорното лице, покрај исполнувањето на општите услови за засновање на работниот однос, утврдени со закон, мора да има и најмалку средна стручна подготовка, а во угостителскиот објект за сместување кој е категоризиран со четири, пет ѕвез­дички и де лукс категорија како и одговорното лице во угостителскиот објект за исхрана категоризиран со четири ѕвездички, треба да има високо образование.

    Забраната за послужување со алкохолни пијалаци која беше пропишана и во Законот за угостителска и туристичка дејност, е содржана и во новиот Закон за угостителска дејност.

    Угостителите се должни на видно место во угостителскиот објект да истакнат натпис со содржина "лица со возраст под 18 години не се послужуваат со алкохолни пијалаци", на табла со димензии 20 х 50 см.

    Како и во досегашната регулатива и согласно новиот Закон во сите угостителски објекти е забрането послужување на алкохолни пијалаци од почетокот на работното време од 07,00 до 10,00 часот.

    Давање угостителски
    и други услуги од физиЧко лице

    Физичките лица запишани во регистарот на угостители што вршат угостителска дејност од мал обем, можат да ги даваат следните услуги:

    конфекционирани угостителски услуги во наменски подвижни објекти;

    услуги на кампирање;

    угостителски услуги за сместување и исхрана во куќи;

    угостителски услуги во апартмани и соби за одмор;

    угостителски услуги во селски домакинства и

    угостителски услуги во пловни објекти.

    Конфекционирани угостителски услуги можат да се даваат во подвижни објекти (во натамошниот текст: објекти) на сопствен погон или влечно, доколку ги исполнуваат минимално-техничките услови и другите услови пропишани со закон. Овие  угостителски услуги може да се вршат на места определени од градона­чал­никот на општината, а во градот Скопје од гра­до­началникот на градот Скопје на саеми, панаѓури и други манифестации.

    Кампирање е престој на лица под шатори, во камп куќички, камп приколки и од друга соодветна опрема за сместување на отворен простор - земјиште чија намена, со цел кампирање, ја утврдуваат со свој акт советот на општината, а за градот Скопје Советот на градот Скопје.

    Физичкото лице  под условите утврдени со овој закон и други прописи, може да:

    ј изнајмува куќи, апартмани и соби за одмор чиј сопственик е носител на правото на користење, и тоа најмногу до десет соби, односно 20 легла;

    ј организира камп на своето земјиште најмногу за десет сместувачки единици, односно за 30 гости истовремено и

    ј дава услуги на појдок само на корисниците на собите.

    Издавањето на собите, апартманите, куќите и становите за одмор се врши преку туристичка агенција и туристичко биро врз основа на договор.

    Во селските домаќинства се даваат услуги на издавање на соби и апартмани, чиј сопственик или носител на правото на користење е член на селското домаќинство, и тоа најмногу до десет соби, односно 20 легла.

    Угостителите и физичките лица од членот 4 на овој закон можат под услови утврдени со овој закон и други прописи да даваат услуги на исхрана и служење на пијалаци и напивки на пловни објекти.

    Услугите на издавање на соби и апартмани и угостителските услуги на пловни објекти, можат да се даваат доколку се исполнети минимално техничките и другите пропишани услови.

    Надзор над спроведување на Законот

    Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството.

    Надзорот над спроведувањето на одредбите со кои се утврдени надлежности на другите органи на државната управа ги вршат тие органи во рамките на нивните надлежности утврдени со закон.

    Надзор над законитоста на работата на советот и градоначалникот на општината, а во градот Скопје на советот и градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје, како и на Советот и градоначалникот на градот Скопје во врска со над­лежностите утврдени со овој закон врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството.

    Казнени и преодни одредби

    За непочитување на одредбите од Законот пропишани се парични казни за прекршок за правното лице; за одговорното лице кај правното лице; за физичко лице - трговец поединец  и за физичкото лице, кои во зависност од видот на прекршокот се движат:

    њ За правното лице:

    парична казна од 50.000,00 до 150.000,00 денари;

    мерка на безбдност забрана за вршење угостителска дејност во траење од 6 месеци до три години и

    за одговорното лице во правното лице про­пи­ша­ната парична казна се движи од 30.000,00 до 50.000,00 денари, а може да му се изрече и мерка на безбедност забрана за вршење на од­го­ворна должност во областа на угостителст­во­то во траење од три месеци до една година.

    њ За физичко лице - трговец поединец:

    парична казна од 30.000,00 до 50.000,00 денари;

    мерка на безбдност забрана за вршење угостителска дејност во траење од 6 месеци до една година и

    за одговорното лице - кај трговецот поединец мерка на безбедност забрана за вршење на од­го­ворна должност во областа на угостителст­вото во траење од три месеци до една година.

    њ За физичкото лице кое врши  угостителска деј­ност од мал обем:

    парична казна од 20.000,00 до 40.000 денари;

    мерка на безбдност забрана за вршење угости­тел­ска дејност во траење од 3 месеци до една година.

    Услови за вршење на туристичка дејност

    Вршители на туристиЧка дејност

    Согласно Законот, туристичка дејност можат да вршат трговски друштва и трговци поединци регистрирани во трговскиот регистар под услови и на начин утврдени со овој закон.

    Физичките лица кои вршат туристичка дејност од мал обем се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје во регистарот што го води градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје. Дејностите од мал обем во областа на туризмот ги определува Владата на РМ на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот.

    Основачи на туристички агенции и туристички бироа можат да бидат домашни и странски правни лица. Трговското друштво и трговецот поединец во зависност од видот на услугата што ја дава може да биде туристичка агенција и туристичко биро.

    Туристичка дејност се врши согласно со одредбите на овој закон, прописите донесени врз основа на овој закон, добрите деловни обичаи и посебните узанси кои се однесуваат на вршењето на туристичката дејност.

    Услови за вршење на туристиЧка дејност

    Објектите за вршење на туристичка дејност треба да ги исполнуваат пропишаните минимално-технички услови и другите услови пропишани со закон. Вршителот на туристичката дејност е должен исполнувањето на условите да го пријави на Држав­ни­от пазарен инспекторат и на градоначалникот на оп­шти­ната, а во градот Скопје на градоначалникот на оп­штината на подрачјето на градот Скопје, според мес­то­то на седиштето на објектот, односно според местото каде што се даваат туристичките услуги, најмалку осум дена пред почетокот на вршењето на дејноста. При­јавувањето се врши на посебен образец, кој го про­пи­шува министерот кој раководи со органот на држав­на­та управа надлежен за работите од областа на туризмот.

    Вршителите на туристичката дејност, дејноста ја вршат во деловен објект кој не смее да се користи за друга намена (домување и производство), освен давање на другите услуги пропишани во овој закон.

    Деловниот простор не мора да биде засебна деловна целина ако тој простор се наоѓа во објекти наменети за трговски и банкарски активности, во хотели, во саемски простории, во терминали на патен, воздушен или наутички сообраќај.

    Видови на туристиЧки услуги

    Туристичките агенции ги вршат следниве услуги:

    ґ организирање продажба и реализирање на ту­ристички пакет-аранжмани;

    ґ продажба и посредување на продажба на угостителските и други туристички услуги;

    ґ посредување и давање на услуги на патувања и престој и други услуги врзани со нив;

    ґ организирање продажба на билети и спроведување на излетнички програми;

    ґ прифаќање и превоз на патници;

    ґ продажба и посредување во продажба на билети или резервација на места за сите видови превозни средства;

    ґ резервирање на сместување и други услуги во угостителските објекти;

    ґ застапување на домашни и странски турис­тич­ки агенции;

    ґ давање на туристички информации и турис­тички промотивни материјали за свои аран­жмани, туристички и други настани;

    ґ посредување во добивање на визи потребни за аранжмани во странство, како и потребни дозволи за лов, риболов, нуркање и други дозволи потребни за организирање и спроведување на различни видови туризам;

    ґ организирање и посредување во продажба на услуги на стационираниот, селски, бањски, здравствен, конгресен, спортски, ловен и други видови туризам;

    ґ организирање на служба на туристички при­дружници, како и прифаќање на гостите при доаѓање и заминување од местото во турис­тичката дестинација, како и придру­жу­вање на малолетни лица во рамките на туристичките аранжмани;

    ґ организирање на давањето на услуги од страна на туристичките водичи и

    ґ осигурување на патниците и предметите во случај на репатријација, несреќа и болест.

    Туристичката агенција со корисникот на услугата склучува договор во кој треба да бидат определени условите и начинот на давање на услугите.

    Туристичката агенција издава брошура со информации во врска со патувањето и престојот на корисниците на услугите кои треба да бидат вистинити и разбирливи.

    Лиценца за вршење на туристичка дејност

    Лиценца за вршење туристиЧка дејност

    Туристичките агенции за вршење на дејноста мо­ра да имаат лиценца за вршење на туристичката дејност.

    Лиценцата ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот или овластена институција и може да биде: лиценца "А", лиценца "Б" и лиценца "В".

    За добивање на лиценца туристичките агенции поднесуваат барање до давателот на лиценцата со наведување на фирмата и седиштето на барателот и видот на лиценцата што се бара.

    Со барањето се приложува:

    решение за упис во трговскиот регистар;

    известување за исполнување на условите за вршење на туристичка дејност;

    податоци за одговорното лице;

    доказ дека склучил годишен договор за осигурување од одговорност за вршење на дејноста, доколку е предвидено со овој закон;

    доказ за позитивен бонитет за последните шест месеци пред поднесувањето на барањето и

    изјава дека од денот на добивањето на лиценцата секоја година ќе доставува доказ за позитивен бонитет.

    Лиценцата се издава во рок од осум дена од денот на поднесување на барањето  и има важност три години.

    Лиценцата се запишува во регистарот на турис­тичките агенции кој го води давателот на лиценцата. Туристичката агенција е должна секоја промена на содржината на лиценцата, да ја пријави кај давателот на лиценцата во рок од осум дена од денот на настаната промена.

    Туристички водич и туристички придружник

    ТуристиЧки водиЧ и туристиЧки придруЖник

    Туристички водич е лице кое на домашните и странските посетители во Република Македонија им ги презентира природните и антропогените туристички атрактивности, историјата на земјата и културно-историските споменици, уметнички дела, етнографски и други атрактивности, историски настани, легенди и личности за тие настани, општественото уредување на земјата и има комуникативни способности, општи познавања од туризмот и психологијата на туризмот и го познава јазикот кој го користат странските туристи.

    За давање услуга на туристички водич, турис­тич­киот водич мора да ги исполнува следниве услови:

    - да е државјанин на Република Македонија;

    - да има живеалиште на територијата на Република Македонија;

    - мора да има најмалку средна стручна подготовка и

    - да има положен стручен испит за туристички водич.

    Туристички придружник е лице кое ја придру­жува туристичката група. Тој треба да ги познава најзначајните туристички региони во светот, како и туристичките места во Република Македонија, опште­ственото уредување, царинските и банкарските работи, сообраќајните можности и да поседува комуникативни способности и користи еден од светските јазици.

    Туристичкиот придружник може да помага во патувањето на туристичката група при преминување на границата, плаќањето и менувањето на финансиски средства и при давање на други услуги меѓу непосредните корисници и даватели на услуги.

    Туристичкото биро ги врши следниве работи:

    - посредува во обезбедување услуги во домашно сместување;

    - продава билети за културни, забавни, спортски, рекреативни и стопански приредби;

    - продава сувенири, разгледници, брошури, туристички карти, филмови, фотоапарати и

    - дава туристички информации и врши дистрибуција на информативно - промотивни материјали.

    Туристичките агенции и туристичките бироа можат да работат секој работен, неделен и празничен ден.

    Туристичките агенции и туристичките бироа можат да работат 24 часа.

    Вршителот на туристичката дејност самостојно го определува работното време во согласност со своите деловни интереси, карактеристиките на подрачјето и потребите на корисниците на услугите и е должен да се придржува на истото.

    Надзор над спроведување на Законот

    Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон, врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на туризмот. Надзорот над спроведувањето на одредбите со кои се утврдени надлежностите на другите органи на државната управа, ги вршат тие органи во рамките на нивните надлежности утврдени со закон.

    Над работата на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје по однос на водењето на регистарот за физичките лица кои повремено вршат туристичка дејност на туристички водич и туристички придружник, како и водењето на регистарот за давањето на услугите во селски и етно-туризам и другите видови на угостителски услуги од мал обем, надзор врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот.

    Работите на инспекцискиот надзор на врши­телите на туристичката дејност од мал обем регистрирани во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје во регистарот што го води градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје, вршат овластени инспектори на општината, а во градот Скопје овластени инспектори на градот Скопје.

    Ако инспекторот при вршење на надзорот утврди неправилности во работењето може да донесе решение:

    -  за забрана на вршење на туристичката дејност во траење од 30 дена, да го затвори ту­рис­тичкиот објект и на видно место да ја објави причината за затворање на објектот и

    - со кое на лице место ќе го затвори турис­тичкиот објект и на вршителот на туристичката дејност ќе му определи рок од пет дена за отстранување на утврдените недостатоци.

    Казнени одредби

    За сторен прекршок поради непридржување кон одредбите на Законот може да се изрече:

    - парична казна и

    - мерка на безбедност.

    Во зависност од видот на прекршокот и субјектот на кого му се изрекува односно дали е правно или физичко лице паричната казна се движи:

    за правно лице од 50.000,00 до 250.000,00 денари;

    за одговорното лице кај правното лице од 10.000,00 до 50.000,00 денари;

    на вршителот на туристичка дејност-трговец поединец од 20.000,00 до 50.000,00 денари и

    на физичко лице - вршител на туристичка дејност од 15.000,00 до 50.000,00 денари.

    Мерка на безбедност согласно Законот се из­ре­кува:

    на правното лице - забрана на вршење на ту­ристичка дејност во траење од три месеци до три години и

    на одговорното лице кај правното лице - забрана на вршење на одговорна дејност во областа на туризмот од шест месеци до една година.

ФИСКАЛЕН ПРАКТИКУМ      2005, бр. 6

 РЕГИСТАР
 АРХИВА
 ПОСЛЕДЕН БРОЈ

Developed by EKONOMIST DOO