English
ЕКОНОМИСТ
ДЕЈНОСТИ
ФИСКАЛЕН ПРАКТИКУМ
ПРЕГЛЕД - ИНФОРМАЦИИ
ИЗДАНИЈА
ПРАШАЊА - ОДГОВОРИ
ПРЕТПЛАТА
КОНТАКТ

III.НАДОМЕСТОЦИ НА РАБОТНИЦИТЕ

III.1. Основица за пресметка на одделни надоместоци на работниците

Работниците од стопанските и нестопанските дејности покрај надоместоците на плата, имаат право и на други надоместоци и примања утврдени согласно:

Член 45 од Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија ("Службен весник на РМ" бр. 29/94, 30/94, 27/96, 19/97, 67/99, 45/00, 87/01, 47/03, 85/03, 20/2004) со примена од 1.06.1994 година; согласно Спогодбите (објавени во "Сл. весник на РМ", бр. 67/99, 45/00, 47/03, 85/03, 20/2004), помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Одборот на работодавачи при Стопанската комора на Македонија, е со важност до 30.06.2004 година и не е продолжен- (понатаму: Општ колективен договор за стопанство); и

Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и другите правни лица кои вршат нестопанска дејност ("Службен весник на РМ" бр. 39/94, 16/96, 30/96, 47/00, 73/01) со примена од 20.07.1994 година; неговата важност, согласно спогодбите склучени помеѓу Владата на Ре­публика Македонија и Сојузот на синдикатите на Република Македонија  до 22.05.2004 година и не е продолжен. (Спогодбите за продолжување се објавени во "Сл. весник на РМ", бр. 30/96, 47/00) (понатаму: Општ колективен договор за нестопанство).

На работниците може да им се исплатуваат надоместоци за:

регрес за исхрана - се исплатува доколку исхраната не е           организирана; регресот за исхрана се исплатува во месецот за тековниот месец;

регрес при користење на годишен одмор;

надомест за отпремнина при заминување на работникот во пензија;

јубилејна награда (за најмалку 10 години работа кај ист           работодавец);

надомест во случај на смрт на работник или член на семејно        домаќинство, при потешки последици од елементарни непогоди или при подолго боледување;

дневници за службено патување во земјата и во странство;

трошоци за превоз до и од работа над 2 км. во локалниот јавен сообраќај, во случај кога нема организиран превоз;

теренски додаток - во зависност од обезбедените услови на работа на терен, сместување, исхрана;

надомест за одвоен живот од семејството;

покривање на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавецот;

покривање на трошоците при селидба за потреби на                  работодавецот.

 Основицата за нивно пресметување се утврдува согласно:

- Општите колективни договори (за стопанство и нестопанство) и

- Законот за исплата на платите во Република Македонија             ("Сл.весник на РМ" бр.70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02),

- Законот за извршување на Буџетот на РМ  за 2005 година (за дел од трошоците за работниците, кои надоместоците ги остваруваат од буџетот се сус­пендира Колективниот договор за нестопанство).

Во ПРЕГЛЕДОТ ќе ги објавуваме  основиците за пресметување и износот на надоместоците посебно за:

- правни лица во приватна сопственост;

- правни лица со приватен капитал до 51%;

    - јавни служби, претпријатија, државни органи и правни лица од      нестопанството.

 

III.2. Износи на одделни надоместоци

 

1. Правни лица со приватен капитал и правни лица - чии средства се повеќе од 51% во приватна сопственост

Правото на другите надоместоци и примања на работниците, и основиците за нивно пресметување и нивната висина кај овие субјекти се утврдени согласно:

 

- Општиот колективен договор за стопанството;            

- Колективните договори на гранките.

 

Основицата за пресметување на надоместоците кај овие правни субјекти (утврдена во член 45 од Општиот колективен договор)  претставува просечната месечна нето плата по работник во Републиката исплатена во претходните три месеци, за следните надоместоци утврдени во следните висини:

1) регрес за исхрана (се исплатува доколку исхраната не е организирана) - во висина до 25%  од основицата; се исплатува во месецот за тековниот месец;

2) дневници за службени патувања во земјата  - во Општиот колективен договор висината на дневниците за службено патување не е утврдена. Правните субјекти треба да ја утврдат со свој акт, а доколку немаат утврдена висина со свој акт, исплатуваат во висина на 8% од основицата.

Регресот за исхрана, дневниците за службени патувања и теренскиот додаток меѓусебно се исклучуваат.

3) регрес за годишен одмор - во висина на 100% од основицата;

4) отпремнина при заминување во пензија - во висина на трикратен износ од основицата;

5) надомест во случај на смрт на работник или член на семејно домаќинство, при потешки последици од елементарни непогоди или подолго боледување - во висина на основицата.

6) Надомест за одвоен живот од семејството; и

7) јубилејна награда - (за најмалку 10 години работа кај ист работодавец) - во висина на основицата.

 

2. Општествени и правни лица чиј капитал е до 51% во приватна сопственост

Другите надоместоци и примања на работниците, поточно осно­ви­­ци­те за нивно пресметување и нивната висина кај овие субјек­ти се ут­вр­дуваат согласно:

- Општиот колективен договор за стопанство;

- Законот за исплата на платите во РМ; и

- Колективни договори на гранките.

Основица за пресметување на надоместоците, утврдена во член 45 од Општиот колективен договор претставува просечната месеч­на нето плата по работник во Републиката исплатена во претход­ни­те три месеци, за следните надоместоци утврдени во следните висини:

1) регрес за исхрана (се исплатува доколку исхраната не е ор­га­­ни­зирана) - во висина до 25% од основицата; се исплатува во месецот за тековниот месец;

2) дневници за службени патувања во земјата - во Општиот ко­­лективен договор висината на дневниците за службено патување не е ут­врдена. Дел од субјектите, согласно Колективните дого­во­­ри на гранките, имаат право со свој општ акт да ја утврдат ви­сината на дневниците за службени патувања во земјата, а кај дел од субјектите гранските Ко­лек­тивни договори ја утврдуваат ви­сината на дневниците во висина на 8% од основицата.

Забелешка: За исплата на дневниците од субјектите кај кои ви­сина на дневниците во колективните договори на гранките не е утвр­дена види и во делот III. 4.

Регресот за исхрана и дневниците за службени патувања меѓусебно се исклучуваат.

3) јубилејна награда - (за најмалку 10 години работа кај ист ра­бо­тодавец) - во висина на основицата;

4) во случај на смрт на работник или член на семејно дома­ќин­ство, при потешки последици од елементарни непогоди или по­дол­го бо­ле­дување - во висина на основицата;

Согласно член 9 од Законот за исплата на плати во РМ, кај овие правни субјекти, просечната месечна нето плата исплатена по работник во РМ објавена до денот на исплатата, претставува ос­нова за пресметување за следните надоместоци:

5) регрес за годишен одмор - во висина најмногу до 60% од ос­но­ви­цата;

6) отпремнина при заминување во пензија - во висина на дво­кра­тен износ од основицата;

 

3. Надоместоци и примања на работниците од нестопанството

Другите надоместоци и примања на работниците кај овие субјекти, односно висината на надоместоците и основицата за нивно пресметување се утврдуваат согласно:

- член 56 од Општиот колективен договор за нестопанство;

- Законот за исплата на платите во РМ и

- Закон за извршување на Буџетот на РМ за 2005 година.

Основица за пресметување претставува просечна месечна нето  плата по работник во Републиката исплатена во претходните три месеци.

Висината на одделно примање се утврдува во процент од основицата и тоа:

1) регрес за исхрана (се исплатува доколку исхраната не е ор­га­ни­зи­рана) - во висина на 25% од основицата, односно во износ од 2.300 де­нари месечно, за работниците кои овој надомест го остваруваат од Бу­џетот на РМ.

Регресот за исхрана се исплатува во месецот за тековниот месец.

2) дневници за службени патувања во земјата и странство:

а) во земјата - во висина на 8% од основицата, односно во износ од 800,00 денари за работниците кои овој надомест го остваруваат од Буџетот на РМ;

б) за странство - регулирани се со Уредбата за издатоци за служ­бе­ни патувања и селидба во странство што на органите на управата и уп­равните организации им се признаваат во материјални тро­шо­ци ("Сл.весник на РМ" бр.50/00, 64/01).

Висината на дневниците за патувања во одделни земји е утврдена со Решението за највисоки издатоци на дневници за службени патувања  и се­лидби во странство што на органите на управата им се признаваат во те­ковни трошоци ("Сл.весник на РМ" бр. 50/00, 74/02, 49/04).

Забелешка: Регресот за исхрана и дневниците за службени патувања меѓусебно се исклучуваат.

3) надомест за одвоен живот од семејството - во висина од 60% од осно­вицата;

4) надомест во случај на смрт на работник или член на семејно домаќинство, е утврден со колективен договор на гранка, дејност, односно на ниво на работодавец, но не помалку од просечна месечна нето плата исплатена во претходните три месеци; кај буџетски корисници овој надомест е утврден во износ од две просечни месечни плати во органот каде бил вработен - за смрт на работник, односно една - за член на семејно домаќинство ;

5) при потешки последици од елементарни непогоди или подолго бо­ле­дување -  не пониско од основицата; за работници буџетски корисници на­доместокот се утврдува за подолго боледување од шест месеци - во ви­сина на една просечната месечна плата во органот каде што е вра­бо­тен.

6) јубилејна награда - (член 56 став 5 алинеја 7 од Општиот ко­лек­тивен договор за нестопанска дејност) - се исплатува во висина на основицата.

Согласно член 9 од Законот за исплата на плати во РМ, кај овие  суб­јекти просечната исплатена месечна нето плата по работник во РМ објавена до денот на исплатата претставува основа за пресметување за след­ните надоместоци:

7) регрес за годишен одмор - во висина најмногу до 60% од осно­ви­ца­та.

8) отпремнина при заминување во пензија - во висина на двократен из­нос од основицата.

 

III.3 Висина на одделни надоместоци ослободени од плаќање на персонален данок на доход

Иако општите колективни договори за стопанството и нестопанството доз­­волуваат исплата во утврден износ на повеќе надоместоци и примања на вработените по основ на работен однос, Законот за персонален данок на доход, дел од овие примања не ги ослободува од персонален данок.

Доколку работодавецот исплати повисоки износи од дозволените, на ис­­платата над дозволениот износ треба да плати и персонален данок.

Во ова поглавје на страна III.0-14 и III.0-15 е прикажан преглед на Колективни договори по гранки согласно кои висината на дневници во Ма­­кедонија може да се утврдува со општ акт на исплатителот.

Ви­­сината на надоместоците и примањата на работниците од органите на уп­­равата и основицата за нивно пресметување, се утврдуваат согласно Оп­­штиот колективен договор за нестопански дејности.

1. Надоместоци ослободени од персонален данок

Надоместоците на работниците, дозволени со колективни договори, се ослободени од персонален данок (согласно член 6 од Законот за пер­со­нален данок од доход) кај сите даночни обврзници во следните ут­вр­де­ни износи:

1. Член 6 став 1 точка 6:

- Дневници за службени патувања во земјата - во висина утврдена со колективен договор на гранката или во висина до 8% од просечната ме­сечна нето плата по работник во  Републиката исплатена во прет­ход­ни­те три месеци;

- Надоместот за одвоен живот од семејството -  во висина ут­вр­де­на со колективен договор на гранката или во висина до 60% од просеч­на­та месечна нето плата по работник во Републиката исплатена во прет­ход­ните три месеци;

- Надомест за теренски додаток - во висина утврдена со колективен до­говор на гранката или во висина согласно  колективниот договор за нес­топанство.   

- Патните и дневните трошоци за службени патувања  во странство - во висина утврдена за органите на управата, а  пропишани во:

- Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во стран­ст­во што на органите на управата  им се признаваат во тековни  трошоци ("Сл. весник на РМ", бр. 50/2000, 64/01); и

- Решение за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата  им се признаваат во трошоци ("Сл.весник на РМ" бр. 50/2000, 74/02, 49/2004).

2. Член 6 став 1 точка 7:

- надомест на трошоци за превоз до работа и од работа;

- надомест за исхрана на вработените;

- регрес за годишен одмор до пропишаниот износ;

(согласно Општ колективен договор за стопанство, односно Општ колективен договор за нестопанство);

3. Член 6 став 1 точка 12:

- помош во случај на смрт на член на семејството;

4. Член 6 став 1 точка 13:

- помош за претрпени штети од елементарни непогоди;

5. Член 6 став 1 точка 22:

      - отпремнина при заминување во пензија;

 

2. Дозволени надоместоци со колективни договори без право на ослободување од персонален данок

Согласно колективните договори, работниците имаат право на при­ма­ња по основ на:

- јубилејни награди (за најмалку 10 години работа кај ист рабо­то­да­вец); и

- надомест по основ на подолго боледување (во висина на про­сечна ме­­сечна нето плата исплатена по работник во РМ во последните три месеци).

Овие надоместоци, иако се дозволени за исплата со колективните до­го­во­ри, не се ослободени од персонален данок на доход; при нивна ис­пла­та работодавецот треба да го пресмета и плати персоналниот данок по стап­ка од 15% на бруто надоместот, односно по стапка 15/85 на нето износот.  

 

III.4. Висина на одделни надоместоци што се признаваат како расход во даночниот биланс (ослободени од плаќање данок на добивка)

Со Законот за данок на добивка, ("Сл. весник на РМ", бр. 80/93 ... 44/02, 51/03), поточно  со  содржината на членот 19-а од Законот  се пропишува: на товар на расходите во даночниот биланс се признаваат ис­­пла­те­ни­те надоместоци на лицата во работен однос кај даночниот об­врз­ник во висина утврдена со Колективниот договор на ниво на гранка, од­носно, со прописите на органите на управата, за следните на­до­местоци:

 

- дневници за службени патувања во земјата;

- дневници за службени патувања во странство; и

- надомест за одвоен живот од семејството.

 

Со членот 56 од Колективниот договор за нестопанство, основицата за пресметување на овие примања е просечната месечна нето плата по ра­ботник во  Републиката исплатена во претходните три месеци.

Висината на одделните примања се утврдува во процент од осно­ви­цата и тоа:

- дневници за службени патувања во земјата - 8% од основицата;

- одвоен живот од семејството - 60% од основицата;

- дневниците за службени патувања во странство - за органите на управата се регулирани со Уредба за издатоци за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци  ("Сл. весник на РМ", бр. 50/00, 64/2001).

Висината на дневниците за патување во одделни земји е утврдена со Решение за највисоките издатоци на дневници за службени патувања и за селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во материјални трошоци ("Сл. весник на РМ", бр. 50/2000, 74/02).

Решението во целост е објавено во ова поглавје од страна III-1 до страна III-13.  

Согласно членот 19-а од Законот за данок на добивка, трошоците за користење на сопствен автомобил за службени цели исплатени на лице во работен однос, се признаваат во висина од 50% од висината утврдена, т.е. дозволена со Гранските колективни договори.

Надоместокот исплатен за користење на сопствен автомобил за службени цели на лица во работен однос се признаваат во висина од 50% од пропишаниот износ, (т.е. до 15%) од цената на литар гориво за соодветно возило по поминат километар со патен налог.

 

III.4-a. Трошоци за користење сопствен автомобил за службени цели согласно колективни договори по гранки

Работниците кои се во редовен работен однос кај работодавецот, покрај правото на плата, имаат право и на други надоместоци и примања (разработени по видови и висина во ова поглавје). Меѓу нив, како што веќе рековме, е и надоместокот на трошоци за користење на сопствен автомобил за службени цели, што согласно Законот за данок на добивка е ослободен како расход во висина од 50% утврдениот износ со колективен договор на ниво на гранка, односно со прописите на органите на управата. Висината на  овој вид надоместок  се утврдува согласно:

- Член 45 став 4, од Општиот колективен договор за стопанство  на работникот му се исплатува надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за потребите на работо-давците во висина утврдена со  интерен општ акт на претпријатието.

- Член 56 став 5 од Општиот колективен договор за нестопанство (Понатаму: Општ колективен договор за нестопанство);   овој надоместок го утврдува во висина до 30% од цената на литар гориво за соодветно возило, по поминат километар.

- Колективните договори според одделни гранки* (понатаму: грански колективни договори), висината на овој надомест го утврдуваат,  кај дел од нив (презентирани во посебен преглед во продолжение на ова поглавје на страна ИИИ.0-16),  согласно општ акт на претпријатието, а кај другите висината е утврдена исто како со Општиот колективен договор за нестопанство:  до 30% од цената на литар гориво за соодветно возило за поминат километар.

*Забелешка: Дејностите кои припаѓаат кон одредена гранка во Гранските колективни договори се пропишани според ЕКД, и не се усогласени со новата класификација според НКД.

Значи, член 19 став 2 упатува на две ограничувања; во случај  висината на овој надоместок да не е утврдена со грански колективни договори, а даночните обврзници имаат право самите да го утврдат со свој општ акт, надоместокот на трошоците  за користење на сопствен автомобил за службени цели се признава во висина утврдена со Општиот колективен договор за нестопанство: до 30% од цената на литар гориво за соодветно возило по  поминат километар со патен налог;

Значи, од напред изнесеното произлегува следниот заклучок:

Доколку работодавецот на работниците исплати надомест за користење сопствено возило за службени цели во висина до 30% од цената на литар гориво по поминат километар,  исплатениот надомест како расход во даночниот биланс се вклучува во висина од 50% и нема да се оданочи со данок од добивка.

Меѓутоа, ако надоместот за користење сопствен автомобил за службени цели се исплати во висина до 15% од цената на литар гориво за соодветно возило по поминат километар, во тој случај, вкупниот исплатен износ се смета како расход за даночни цели односно ослободен од данок на добивка.

Во случај даночниот обврзник, согласно колективниот договор на одредена гранка, (се разбира на која тој припаѓа*), што не пропишува  точен  износ на овој надомест, донесе одлука да исплати,  на пример: 40% од цената на литар гориво, (значи поголем износ од дозволениот согласно Општиот колективен договор за нестопанство), за разликата утврдена во висина од 10%(40%-30%) мора да  пресмета и плати персонален данок на доход, а во даночниот биланс да ја вклучи разликата над 15% (40% - 15%) = 25%.

*Забелешка: Дејностите кои припаѓаат кон одредена гранка, во Гранските колективни договори се пропишани според ЕКД, и не се усогласени со новата калсификација - според НКД.

Но, сепак да не заборавиме, ако даночниот обврзник одлучи да исплати поголем надоместок од дозволениот, мора да донесе свој интерен општ акт (правилник, одлука или сл.) со кој ќе се утврди поголемиот износ.

За полесно пресметување на трошоците за користење  сопствен автомобил за потребите на работодавецот, објавуваме Преглед на најблиски растојанија помеѓу:

1. Скопје и секој град во Македонија;

2. Помеѓу градовите во Македонија и

3. Помеѓу граничните премини и градовите.

 

1. Колективни договори по гранки согласно кои висината на дневници во Македонија може да се утврдува со општ акт на исплатителот (но член 6 точка 4 од Законот за персонален данок на доход ги ограничува на висина утврдена со Општ колективен договор за нестопанство)

 

2. Колективни договори по гранки согласно кои надоместокот на трошоците за користење сопствено возило за службени цели се утврдува со општ акт

 

3. Колективни договори по гранки согласно кои надоместокот на трошоци за превоз на службено патување во земјата и странство се признаваат, но висината и видот на превозот не се утврдени

 

4. Колективни договори по гранки согласно кои исплата на надоместок за користење сопствено возило за службени цели не е дозволена

 

6 Најкратки растојанија на патни правци помеѓу градовите во РМ

6. Најкратки растојанија на патни правци помеѓу градовите во РМ

 

 

 

7. Најкратки растојанија на патни правци помеѓу граничните премини и градовите во РМ

 

 

III.5. РЕШЕНИЕ за највисоките износи на дневници за службени патувања и за селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци

НАДОМЕСТОЦИ НА РАБОТНИЦИТЕ

 ПРОПИСИ
 ПЛАТИ
 НАДОМЕСТОЦИ
 КОЕФИЦИЕНТИ
 КАМАТИ
 ПЛАТЕН ПРОМЕТ
 КУРСНИ ЛИСТИ
 ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Дневници      Основици      Надоместоци      Законски Основи      Содржина Developed by EKONOMIST DOO