English
ЕКОНОМИСТ
ДЕЈНОСТИ
ФИСКАЛЕН ПРАКТИКУМ
ПРЕГЛЕД - ИНФОРМАЦИИ
ИЗДАНИЈА
ПРАШАЊА - ОДГОВОРИ
ПРЕТПЛАТА
КОНТАКТ

Платниот промет со странство е сегмент од девизното и банкарското работење; регулиран е со повеќе закони и подзаконски акти и тоа:
• Закон за девизно работење ("Сл. весник на РМ" бр. 34/2001, ... 51/2003);
• Закон за банки ("Сл. весник на РМ" бр. 63/2000 ... 85/2003);
• Закон за Народна банка на РМ ("Сл. весник на РМ" бр. 3/2002 ... 85/2003, 40/2004, 61/2005, 129/2006);
• Одлука за начинот на вршење на платен промет со странство ("Сл.весник на РМ" бр. 53/2002);
• Упатство за начинот на вршење на платниот промет со странство ("Сл. весник на РМ" бр. 79/2002, 98/2002, 105/2005, 5/2007) (Понатаму: Упатство).
Со Упатството се пропишува начинот на вршење на платниот промет помеѓу резидентите и нерезидентите, без разлика дали плаќањето се врши во странска валута или во денари, преносот на странски средства за плаќање помеѓу резидентите и наплатите и плаќањата во платниот промет со странство.
Со Упатството, покрај другото, се пропишуваат и обрасците на налозите за вршење платен промет со странство. Во платниот промет со странство се користат следните обрасци на налозите:
- Образец 743 - Извештај за наплата од странство (ВС 60) 
- Образец 746 - Општ девизен налог (ВР 66/77)
- Образец 747 - Збирен налог за пренос на девизи
- Образец 1450 - Налог за извршување на дознака во странство или извештај за исплата од   акредитив (ВС 70) 
- Образец 1451- Налог за отворање на акредитив (позадина) (ВС 71)
Составен дел на Упатството е Прилог број 4 - Шифри на основи, во кој се дадени шифрите кои се користат при пополнување на обрасците во платниот промет со странство. Согласно Упатството, овластените банки, претпријатијата и другите правни лица се должни правилно да ги користат шифрите на основи.
Покрај шифрите на основи, составен дел на Упатството се:
• Шифри на земји („Сл. весник на РМ„ бр. 5/2007); 
• Шифри на валути;
• Шифри на инструменти за плаќања;
• Шифри на налогодавач/корисник.
Во ПРЕГЛЕДОТ на деловни прописи и информации, страна VI-55, ги објавуваме шифрите затоа што ги користат и правните лица во работењето со странство.

ПЛАТЕН ПРОМЕТ

 ПРОПИСИ
 ПЛАТИ
 НАДОМЕСТОЦИ
 КОЕФИЦИЕНТИ
 КАМАТИ
 ПЛАТЕН ПРОМЕТ
 КУРСНИ ЛИСТИ
 ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Шифрарник на уплатни сметки за јавни приходи Developed by EKONOMIST DOO